Овие локални избори се можност ВМРО-ДПМНЕ да ја претстави новата генерација политичари кои треба да ја води оваа држава во иднина. Над 95 проценти од кандидатите се нови лица кои првпат се кандидираат за таа функција.

Имаме над 18.000 проекти.Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на градоначалничките функции ќе започнат со реконтрукција и асвалтирање на над 2000 улици, 100 градинки и училишта, 90 паркови, објаснува Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Република.

Сакаме граѓаните да ни ја дадат можноста да покажеме дека Македонија може повторно да се врати во оние времиња кога беше едно огромно градилиште, насекаде да има машини, ветувањата да се реализираат.Верувам дека граѓаните тоа го препознаваат и тоа ќе го кажат на 17-ти октомври.

Стојаноски доаѓа од Ѓорче Петров каде имаат одличен кандидат за овие избори.И за таму се предвидени многу проекти.

 

Заедно со тимот од партијата ги посетивме домовите и собравме над 1300 идеи кои ги преточивме во една програма која дава решенија на сите проблеми кои ги имаат ѓорчепетровци.Понудивме луѓе кои ќе ја претставуваат партијата но и ќе покажат каква ќе биде генерацијата на луѓето кои треба да работат во оваа држава. Александар Стојковски е човек со професија и ги разбра проблемите на граѓаните на Ѓорче Петров.Предвидени се 200 проекти, изградба на две нови градинки, реконструкција на основните училишта, нови паркови, два кружни тека на улица ѓорчепетровска.Сигурен сум дека граѓаните уште во првиот груг ќе му ја дадат довербата.

Стојаноски вели дека насекаде во Скопје имаат кандидати што носат нова енерија, Муцунски во Аеродром, Стојкоски во Ѓорче Петров, Георгиевски во Кисела Вода, Костовски во Бутел, Котлар во Центар, Данела за Скопје..

Ова се луѓе кои имаат додадена вредност за да придонесат во политиката.Луѓе кои сакаат да градат и со нивниот беграунд не би си дозволиле тоа што ќе го кажат во кампањата да бидат само празни зборови.Секој проект ни е направен низ призма на постојните можности на општината.Да ветиме нешто но тоа и да го реализираме за да не одиме утре во наведнати глави во општините.

Пратеникот очекува на овие избори ВМРО-ДПМНЕ да има повеќе градоначалници, советници и вкупен број на гласови повеќе од СДСМ.

За него е многу важна коалцијата со Алијанса и Алтернатива.

Заев вели дека ова било неприродна коалција. Го прашувам дали е природна коалцијата со ДУИ со кога се навредуваа пред изборите за потоа да направат криминална тендер коалиција. Она што не врзува со Алијанса и Алтернатива е како ја гледаме државата за пет или десет години, а тоа е држава на богати граѓани, со повисок стандард и со владеење на правото.

-Ова е коалиција против корупција и сакаме на тоа да ставиме крај.

Тој нема дилеми дека добар резултат на локалните избори ќе предизвика и предвремени парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ после овие локални избори ќе бара предвремени парламентарни избори.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески