По вчерашниот пропаднат обид власта и опозицијата да ги надминат разликите за обвинителството, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека залудни се обидите за притисок врз опозицијата и таа да се претстави како кочничар на наводни реформи.

Ваков законски текст каков што е доставен е антиреформа, со оглед на тоа што не содржи огромна низа на релевантни препораки кои што ќе доведат до право и правда, до правна држава, до Јавно обвинителство во име на граѓаните, до Јавно обвинителство кое нема да се плаши да ги истражи криминалите на власта, а тоа се и основните принципи за постоење на Јавно обвинителство. Барањето амандмани во оваа фаза, е токму тоа, обид за трговија со основните принципи. Демократијата точно определува кога и каде се поднесуваат амандмани, тоа се прави во Собранието, во собраниска процедура, а не во министерствата во владата“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој го повтори партискиот став дека трите принципи предложени од ВМРО-ДПМНЕ имаат цел да ја вратат правдата и правната држава во Република Македонија.

Заев и Треневска Десковска посакуваат Јавно обвинителство кое што со месеци ќе молчи за  трговијата со правото и правдата, за поткуп во изборни цели, посакуваат обвинителство кое ќе им служи за политички прогон и заштита на криминал на власта“, вели Стоилковски.