На Македонија и требаат нови лица во политиката кои што ќе работат за доброто на сите граѓани во државата, без разлика на нивната партиска етничка или верска припадност. Актуелната власт не` подели на подобни и неподобни, добиваат тие што имаа партиска книшка. Власта со криминалот не се справува секаде подеднакво – полициски акции има таму каде што ќе одредат само неколку лица од власта“.

Ова како што потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ се зборовите на Стево Пендаровски, за време на кампањата во 2014 година, кога катастрофално беше поразен од граѓаните!

Дали сега Стево Пендаровски во Гостивар и Врапчиште, каде што ги имаше кажано овие зборови повторно ќе се претставува како ново лице? Ќе ја повтори ли оценката за криминалот и безбедноста, кои што сега за жал се во многу полоша состојба? Ќе даде ли оценка за „подобноста“ за вработувањата во администрацијата, или пак за добивање стипендии од 40.000 долари?“, прашува портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Тој вели дека  Пендаровски, истата година во Крива Паланка порачал дека ако станел претседател: „Немам намера да потпишувам закони кои што важат за една група на граѓани“!

Колку групи граѓани разликува Пендаровски? За која група на граѓани тој го гласаше законот за двојазичност? Останува ли на поделбата на групи: оние кои што тој ги нарекува стока во трло и оние кои се негови блиски? “, прашува Стоилковски.

Според него Пендаровски е докажан послушник, поддржувач и извршувач на заевизмот.

Пендаровски е докажан, еднаш легитимираше криминални крвави избори, што ли сега е способен да легитимира за партиски цели? Не смее да се дозволи Македонија целосно да падне во рацете на заевизмот. Заедно ќе го турнеме овој деспотски режим кој што повторно во обланда наречена Стево Пендаровски нуди обесчестување на државата и на македонскиот народ Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ. Победник и нов претседател на Република Македонија е Гордана Силјановска Давкова.“, вели Стоилковски.