Костадин Костадинов, како в.д. градоначалник на Струмица потпишал Меморандум за соработка со невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, еден од главните актери во случајот „Рекет“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него Костадинов, заедно со како што рече неговиот учител Зоран Заев, до гуша се вмешани во афери и криминални скандали.
„Костадин Костадинов е дел од таканаречената невладина во која активно членуваат половина влада и цело раководство на СДСМ. Откако се појави рекетот на виделина овој тенисерски тим заборави на изјавите давани претходно. Костадинов мора да даде прецизен одговор, дали го злоупотребил своето влијание како пратеник, портпарол и помошник на Заев, но и поранешен градоначалник на Струмица, за остварување на корист на ова рекетарско здружение?, прашува Стоилковски.
Тој потсети на изјавите на Костадинов дека е исклучително среќен и горд поради одлуката на Меѓународниот сојуз – Скопје, да биде прогласен за негов почесен член.
„Се чувствувам исклучително среќен и горд поради одлуката на Меѓународниот сојуз – Скопје, да бидам прогласен за негов почесен член, а особено сум горд што како општина Струмица имајќи го во предвид нашиот слоган, „Секогаш први” си застанавме и цврсто стоиме на зборот, токму јас прв во оваа држава како градоначалник на општина Струмица, да бидам почесен член на овој Меѓународен сојуз, ви благодарам Боки. Покритието за таа моја надеж лежи во фактот што на функцијата в.д. градоначалник дојдов како наследник на долгогодишниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој на дело покажа дека е вистински урнек”.
Па Костадинов понатаму вели: – „Првичната соработка со господинот Јовановски, веќе вроди со плод, па чинам дека сме на добар пат, да ги ставиме своите потписи на најавениот меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот сојуз и општина Струмица, на взаемно задоволство, а пред се на задоволство на оние на кои што ќе им бидат најпотребни плодовите од таа соработка”.
„Ова е многу повеќе од само почесен член и немање никаква врска со активностите на рекетарското злосторничко здружување. За каков вроден плод зборува Костадинов, колкава била неговата улога во изнудите, до каде е замешан помошникот на Зоран Заев?“, прашува Стоилковски.
Comments are closed for this post.