Мотивот на Заев за заштита на криминалот од „Рекет“ го знаеме. Сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална – октопод мрежа која што тој сака да ја заштити, се вели во изјавата на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, постои и дополнителен мотив, по се изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за така отворено да лаже и да манипулира за овој случај. Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард. Затоа прашуваме:
„Дали има, и доколку има нека одговори какви се фотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“? Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски? Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство? Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја?
Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава? Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари?
Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски“?, праша Стоилковски.
Портпаролот на ВРО-ДПМНЕ посочува дека ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“?
„Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер? Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години? Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава“?, праша јавно Стоилковски.
Comments are closed for this post.