Судијката Марија Клетничка реши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“, кој е еден од предметите на СЈО.

Адвокатот на одбраната Еленко Миланов на денешното рочиште побара изземање на двајцата обвинители, но и на Јанева, поради, како што рече, нивните меѓусебни конфронтаации, за кои била запознаена целата јавност.

Судијката Клетничка појасни дека за изземање на обвинителите надлежна е Јанева, а за нејзиното барање за изземање констатираше дека нема надлежен орган. Таа сега ќе и ја прати снимката од денешното рочиште на Јанева, по што таа треба да донесе одлука.

Во случајот „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.