Скопје ли е Белград ли е? Сцените што ги гледаме во српскиот парламент нѐ потсетија на случувањата во македонското собрание во 2017 година. Кулминацијата на Шарената револуција која се случуваше речиси цела година беше на 27 април во Парламентот.
Тогашната, а и сегашна опозиција СДСМ по секоја цена сакаше да дојде на власт иако не победи на изборите една година пред тоа. СДСМ имаше два пратеници помалку од ВМРО-ДПМНЕ, но сакаше по секоја цена да дојде на власт, со помош на ДУИ.
Таа вечер Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, по завршувањето на регуларната седница, без официјален записник колку пратеници го поддржале.
Вчера во српската „скупштина“ видовме исти слики. Тамошната шарена револуција таму се вика „обоена“ револуција . Откако видоа дека протестите на студентите немаат ефект, српската опозиција сакаше со сила да го заземе Парламентот.
Ги видовме истите сцени како во Скопје, димни бомби, малтретитрање пратеници, труби и свирежи…
Сепак има една разлика од протестите во Скопје и Белград. Претседателот на Србија Александар Вучиќ е решен да не дозволи без да се победи на избори да се дојде на власт и оти промена на власт може да има само со поддршка од народот. И никако поинаку.
Comments are closed for this post.