Реакција на Институтот за историја при УКИМ: Одбележувањето на 700 години од смртта на српскиот крал Милутин е невиден преседан

Среде Скопје ќе се одбележува годишнина од смртта на српски крал без македонски институции

23.10.2021 / 14:42


Во медиумите се појави информација дека Универзитетот во Крагуевац (Р. Србија), како главен организатор, во содејство со други српски и странски високообразовни и невладини институции, планира да го одбележи јубилејот 700 години од смртта на српскиот крал Милутин (1282-1321) со организирање на меѓународна научна конференција под наслов: Кралот Милутин и времето на Палеолозите: историја, литература, културно наследство, од 24 до 26 октомври 2021 г. во Скопје (Кинотека на Македонија, Р. Македонија). Во врска со овој настан Институтот за историја при Филозофски факултет (Универзитет „Св. Кирил и Методиј”-Скопје) и Комитетот за византологија и медиевистика на Р. Македонија-Скопје (КВМРМ-Скопје) има потреба јавно да го изрази својот протест.

Бидејќи во случајов станува збор за јубилеј на српскиот средновековен крал Милутин, досега било сосема вообичаено ваквите јубилеи да се одбележуваат и/или научните конференции да се организираат на територијата на современата држава (во случајов Р. Србија), чија историска личност се одбележува. Но, овојпат се забележуваат поголем број отстапувања од редовната пракса од кои би ги издвоиле следниве:

–Се планира одбележување јубилеј и организирање научна конференција за српска историска личност во главниот град на Р. Македонија, наместо на територија на Р. Србија, што претставува преседан;

-Неучество и намерно игнорирање од страна на Организаторот на македонски државни високо-образовни и научно-културни институции (Институт за историја при Филозофски факултет, Институт за национална историја, МАНУ и др.) како и на македонски невладини организации (како КВМРМ-Скопје);

–Работен јазик на Конференцијата ќе биде странскиот српски јазик и други странски јазици, а ќе отсуствува македонскиот јазик.

-Благодарност е упатена до Српската црква и до Охридската архиепископија (МПЦ не се споменува, дури и местото на одржување Скопје не е посочено во која држава се наоѓа).

Сето ова не наведува на помисла дека со планираниот настан веројатно се надминува културно-научната димензија. Па токму поради тоа се остава впечаток како да се има за цел да се реализира некоја туѓа ненаучна агенда, уште повеќе што нашата држава во овој период се наоѓа во исклучително сложена надворешна и внатрешна политичка ситуација. Од друга страна, се наметнува прашањето дали на странски институции воопшто им е слободно дозволено да организираат научно-културни настани од ваков вид во нашата држава? Или, пак, можеби Универзитетот во Крагуевац (Р. Србија) од нашите државни органи (Министерство за култура) има добиено дозвола за организирање на ваков настан, што само по себе претставува невиден преседан.

 

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Николоски бара истрага за Пендаровски за Законот за игри на среќа

пред 5 часа
Македонија

Поразот од Словенија за пад од две места на ФИФА листата

пред 5 часа
Македонија

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме

пред 5 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: АЛТАН банка копа кривични во „Бихаќка“

пред 6 часа
Македонија

БЈБ истражува како избегала Ива Михајлова

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски од Брисел:  Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, Македонија е посветена на реформите

пред 2 дена
ТВРДИ ВМРО-ДПМНЕ

СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Повеќе од шест отсто раст во туризмот, ќе ја надминеме предвидената цел

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик

пред 5 дена
parla iptvLigobetcasino siteleristarzbetsahabetholiganbetgrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet casinojojobet girişgranpashabet güncel girişgrandpashabet girişGrandpashabetGrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet bahis sitesigrandpashabet bahis sitesigrandpashabet girişGrandpashabetdeneme bonusugrandpashabetkahraman haberdeneme bonusu veren sitelergrandpashabetgiftcardmall/mygiftmarsbahismarsbahis