Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, на која се разговараше за тековните и идни планови и приоритети на Министерството за труд и социјална политика во рамки на своите надлежности, а во насока на усогласување со европското законодавство имајќи во предвид дека сме земја која наскоро треба да започне преговори со Европската Унија.
Министерката Шахпаска ја истакна важноста на самиот процес низ која поминува нашата земја на патот кон нејзиното интегрирање во Европската Унија, процес кој предвидува менување на законски решенија и нивно успешно имплементирање во домашното законодавство односно имплементирање на европските вредности дома.
Законот за спречување и заштита од дискриминација за кој добивме позитивна оценка од Венецијанската комисија и други меѓународни организации, невладиниот сектор и поддршка во Парламентот и од опозицијата стана дел од нашето позитивно право. Наскоро треба да се формира и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ,со што граѓаните конечно имаат каде да ги адресираат нивните прашања за заштитата на нивните права по основ на било каков вид на дискриминација,“истакна Шахпаска.
Како приоритети на кои посветено работи Министерството, а се значајни за унапредување на законските решенија од кои се засегнати сите граѓани, минстерката ги посочи Законот за работни односи, на кои интезивно работат работните групи во кои се вклучени сите засегнати страни и вклучува промени во работата од дома, од далечина ,ќе ја регулира сезонската работа, флексибилното работно време и друго.
Потоа, Законот за социјална заштита со цел олеснување на пристапот на ранливите категории на граѓани во системот за социјална помош, Законот за детска заштита и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во согласност со Истанбулската конвенција ратификувана кај нас.
На средбата се разговараше и за процесот на деинституционализација , со кој се стремиме кон целосно негово имплементирање и кој предвидува сместување на сите лица со попреченост во мали групни домови. Потоа, за интеграција на Ромите во сите сегменти од општественото живеење и идентификација на лицата без документи, процес на кој интезивно се работеше изминатиов период и бележи голем напредок.
Амбасадорот на ЕУ во земјава , Дејвид Гир изрази голема поддршка на земјава во нејзиниот евро -интегративен процес и поддршка од страна на институциите на Европската унија по сите прашања и предизвици со кои се соочува нашата земја со цел нејзино успешно интегрирање во ЕУ.
Остануваме посветени на нашите стратешки цели, станавме членка на НАТО, цврсто чекориме на патот кон ЕУ,“ порача министерката Шахпаска.
Comments are closed for this post.