Под покровителство на германската фондација „Конрад Аденауер“ в петок, на 6 ноември ќе се одржи конференција „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“ во хотелот Хилтон во Скопје.

На панел-дискусијата прв пат на иста маса ќе седнат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села и Африм Гаши, претседател на Алтернатива.