Средба Ковачевски-Вархеји: Сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија

27.04.2022 / 13:55


Премиерот Димитар Ковачевски и заменик премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаа средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

Кабинетот на Ковачевски соопшти дека на средбата заеднички е констатирано дека европските интеграции на С.Македонија и на регионот се потреба на државите во регионот, но и на самата Европска унија.

Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, бидејќи во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна, се наведува во соопштението.

Ковачевски рекол дека тој останува посветен на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на почит и достоинство, и дека очекува дијалог со Бугарија врз основа на такви принципи.

-Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на ЕУ, со што уште еднаш покажа дека е достоен партнер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, рекол премиерот.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Дали СДСМ со Груби стравува за Заев, Спасовски, Филипче…?

пред 10 часа
Македонија

„5 минути со Чавез“: На Груби не му требаше пасош кога избега првиот пат, нема да му треба ни сега

пред 11 часа
Македонија

Меѓу сожалување и разбирање — разликата е огромна

пред 1 ден
Македонија

Владата им ги одзеде лиценците за канабис на шест фирми, меѓу кои и „Алфафам“, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија

пред 1 ден
Македонија

Куќниот притвор не е проблемот – проблемот е што никој повеќе не верува во еднаква правда

пред 1 ден
Македонија

Jaвното обвинителство бара да не ги вознемируваат за случајот „Груби“

пред 1 ден
Македонија

Груби ќе одговара за крминалот, ветува ВМРО-ДПМНЕ

пред 1 ден
Македонија

Груби се споменуваше дека бил преведувач во „Жолтата куќа“

пред 2 дена
Македонија

Што ти е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши под притисок на политичкото „Кале“

пред 2 дена
Македонија

Скопје ќе добие нов Луна парк до јуни следната година

пред 3 дена