Министерот за здравство и претседателот на МАНУ размениле и мислења за истражувањата на Академијата во врска со пандемијата на ковид-19

За работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата на ковид-19, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија, каде што се обработуваат ковид-тестовите, разговарал министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со претседателот на Академијата Љупчо Коцарев.

Како што соопштија од МАНУ, министерот Филипче и академик Коцарев разговарале и за зголемување на капацитетот на лабораторијата, како и подобрување на условите за тестирање во иднина. Исто така, како иден план се поставило воведување проект на национално ниво за персонализирана медицина, како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината.

Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 бриса за ковид, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од ПЦР- тетсови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ „8 Септември“ и болниците во Кичево и во Дебар.