Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп, на која изрази благодарност за холандската поддршка на политиката на проширување на ЕУ, како и за силната поддршка на земјава во процесот на спроведувањето на реформите.
Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изрази жалење што во текот на германското претседателство со Европската Унија не беа надминати разликите со Бугарија и со тоа не беше отворен патот до првата меѓувладина конференција.
Нагласувајќи дека каналите за комуникација остануваат отворени и дијалогот меѓу двете држави продолжува, Џафери изрази надеж дека во претстојниот период разликите ќе бидат надминати. Тој потенцираше дека владејачкото мнозинство формирано по изборите во јули, останува целосно посветено на европската агенда и продолжува интензивно да работи на реализација на сите активности за европеизација на земјата и нејзиното приближување кон евроатланските структури, се наведува во соопштението.
Амбасадорот Јан Коп и одадел признание на државата што во услови на техничка влада, вонредна состојба и пандемија, успеа да одржи фер и демократски избори и во кратко време да формира Влада. Фактот што Република Македонија доби зелено светло за отпочнување на преговорите во март 2020 година, според Јан Коп значи дека, прашањето за членство на државата во ЕУ не е дали, туку кога.
Двајцата соговорници размениле мислења за одвивањето на законодавниот процес во услови на пандемија, а ја пофалија и добрата соработка меѓу двете држави во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации како Парламентарното собрание на Советот на Европа, Парламентарното собрание на OБСЕ и Интерпарламентарната унија.
Comments are closed for this post.