Д-р Николов: Кај нас се кажува само дека вакцини ќе има по три механизми, но до денес вакцини за Ковид-19 нема

26.01.2021 / 14:57


Доктор Игор Николов истакнува дека вакцините за Ковид-19 претставуваат значајна алатка во борба со епидемијата со корона вирусот, но власта ги остава граѓаните без неа.

Додека во најголемиот број на земји во светот се одвива вакцинација против корона, додека тамошните граѓаните имаат можност да одберат тип на вакцина, кај нас ниту трага, ниту глас од долгонајавуваните вакцини, за коишто зборуваа Филипче и Заев.

 

Во повеќето земји граѓаните имаат право на избор помеѓу три вида на вакцина и граѓаните можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, кај нас нема никаква вакцина! Ниту за ризичните групи, ниту за останатите граѓани.

 

Во светот, земјите бројат колкав процент од население имаат вакцинирано и тоа на 100 илјади жители, во Македонија  возрасните лица, ризичните групи и оние кои се на линијата на фронтот со Ковид-19 немаат можност да се вакцинираат – вели д-р Николов.

Тој додава дека на двете светски листи и онаа на Ворлдометар и онаа на Блумберг од земјите во регионот по број на вакцинирани граѓани високо котираат Србија и Словенија. Србија е на десеттото место на светските листи!

Кај нас се кажува само дека вакцини ќе има по три механизми, но сепак, до денес вакцини за Ковид-19 нема. Ги нема ниту донираните вакцини од Бугарија, ниту донираните од Грција, а дури ниту вакцините од Србија којашто ја има, но за којашто во Македонија не бил подготвена регулатива за целиот овој период.

 

Два месеци зборуваат дека обезбедиле вакцини преку КОВАКС механизмот, а не брифираат дека преку КОВАКС механизмот се снабдуваат со вакцини земјите од третиот свет. Кој одлучи да го остави народот само на вакцини од КОВАКС механизмот? Зошто со време не се почнаа директни преговори со компаниите коишто произведуваат вакцини? Дали поважно беше да се организираат локални избори наместо да се работи на обезбедување на вакцини?

 

Дали некој ќе сноси одговорност за ваквата погрешна стратешка одлука? Многу приказни, многу лаги, малку работа, дела нема воопшто. Сето ова граѓаните скапо го плаќаат. Незаинтересираноста, неспособноста и неработливоста,  на владата на Зоран Заев се плаќа со животи по граѓаните. За ова одговорност мора да има – вели д-р Николов.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера, јас ќе ви одговорам, ве снајде народ

пред 28 мин.
Македонија

ПАСОК на Бихаќа: Ни во најдобрите времиња на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови

пред 5 часа
Интервју со носителот во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски: Многу сме блиску до 61 пратеник

пред 13 часа
Македонија

Речиси сто посто пребројани гласови: Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Пендаровски 180.306 (19,93%)

пред 13 часа
Македонија

Ново видео од синоќешната прослава

пред 14 часа
Македонија

Разлика од 175.000 гласови:347.295 гласови Силјановска,172.286 Пендаровски

пред 20 часа
Македонија

Силјановска Давкова: Во вториот круг очекувам поддршка од сите, особено од оние во опозицијата

пред 21 час
Македонија

Бујар и Таравари заедно освоија околу 190.000 гласови

пред 21 час
Македонија

Стевче собра повеќе потписи од гласови

пред 21 час
Македонија

Големо славје пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО/ВИДЕО)

пред 21 час