Попладнево во Владата ќе се сретанат коалициските партнери Зоран Заев и Ахмети. Средбата ја потврди премиерот пред малку.  „Метлата“ која ја најави тој се очекува да биде во фокусот на средбата.

Премиерот  Заев најави дека на почетокот на јуни ќе излезе комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а на крајот на јуни ќе почне и промена по вертикала во општините каде државата е претставена со одредени државни институции.

Ароганцијата и непотизмот ќе бидат главни критериуми во одлуката каде да замете метлата.

„Иако симболиката дојде од зборот „метла“, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе“, изјави денеска Заев.

Во меѓувреме лидерот на интегративците, побара сите функцинери да поминат низ процес на ветинг, за да се провери како го стекнале имотот, но за да се изврши контрола на нивната личност. Според Ахмети преку овој систем на проверка ќе се спречат напади врз функцинерите и ширење на лажни вести.