Комедија гласање во Собранието.Откако законот за Јавно обвинителство.На самиот почеток на продолжението на 135 седница на Собранието како прва точка на дневниот ред спикерот Талат Џафери го стави гласањето за Законот за ЈО, за кој е потребно 2/3 мнозинство. Откако за Законот гласаа 74 пратеници, а 32 пратеници гласаа против, Џафери го поништи гласањето бидејќи немало двотретинско мнозинство, односно со образложение дека Лилјана Поповска била пријавена процедурално.
Џафери побара и службите да го проверат системот за гласање, бидејќи дел од гласовите не биле регистрирани.
На повтореното гласање 80 пратеници гласаа „ЗА“, а 6 беа против. На повтореното гласање жестоко реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.