Откако денеска Собранието го донесе Законот за јавно обвинителство потребно е да се нагласи што тој содржи.

Во него има неколку контрадикторности за тоа дали во иднина Обвинителството ќе може да прими и да покрене обвинение врз основа на прилушкувани развори или пак снимки, предупредуваат експертите.

во член 110 од предлог законот прво се вели дека ЈО не може да заснова обвинение  врз основа на незаконски прислушувани материјали, нешто што од 2014 година е уредено со Законот за кривична постапка.

Според познавачите ова создава комплетна права несигурност. Ова посебно се однесува за ставот 5 во кој се наведува гаранција е дадена само за материјалите  кои се во фаза на истрага нема да бидат повторно употребувани и прислушани, но не и за другите материјали  за кои не е поведена постапка.

Со ваква содржина на законот практично значи дека ако во иднина се појави прислушкуван разговор од Заев Обвинителството може да се изјасни дека не го прифаќа бидејќи е незаконски стекнат бидејќи индициите се споменати само во контекст на неговите бомби