Рано утринава во 04.44 часот во СВР Скопје, И.Ф.(22) од Скопје пријавил дека околу 04.30 на во близина на Градскиот стадион во Скопје бил физички нападнат од две лица кои биле со патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки.
И.Ф. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.
Според пријавеното, причина за физичкиот напад било недоразбирање во сообраќајот. Се работи на расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.