Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика намалување на дневните температури.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу осум и 17, а дневната ќе достигне од 21 до 33 степени Целзиусови.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Од петок во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.