Лицата постари од 65 години, кои немаат ниту ден работен стаж, во иднина ќе добиваат пензија од  6.000 денари. Ова е передвидено со Предлог-законот за социјална сигурност на старите лица, што е веќе во собраниска процедура и треба да се донесе по скратена постапка.

Право на ваква социјална пензија ќе имаат македонски државјани, кои во земјава живееле најмалку 15 години.

Социјалната пензија ќе се усогласува со порастот на трошоците на живот еднаш годишно, а покрај тоа, носителите ќе добиваат и надометок за греење во висина од 1.000 денари, за периодот од октомври до март.

Право на ваква пензија немаат граѓаните кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе добива пензија.