Ќерката на Митко Чавков, Зорица Чавкова, тврди дека нејзиниот татко е приведен во монтиран случај со службена белешка која не е веродостојна. Таа се заканува со тужба за оној што ја напишал белешката, од која потекнуваат оперативните сознанија дека Чавков планирал да избега во Грција, поточно на Халкидики каде имал вила.

Ќе си лежи оној кој ја измисли вилата на Халкидики. Не знам дали тие што му дале задача, да имисли една таква службена белешка, му објасниле какви ќе бидат последиците према него. Се работи за класична местенка и тоа ќе го докажеме“, пишува ќерката на поранешниот директор на БЈБ.

Таа го повикува обвинителството јавно да обзани барем еден доказ со кој се поткрепува информацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкидики и дека планирал бегство.

„Одговорно тврдам дека ова е лага. Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од наредниците и дека ќе се разоткријат истите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади“, пишува Чавкова.