Портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во изјава за Пресинг ТВ, бара Собранието да продолжи со имплементација на Договорот со Грција и да донесе одлука за усвојување на уставните измени.

Таа е децидна дека граѓаните на референдумот гласно кажале што сакаат и оти сега политичарите треба да го следат нивниот глас.

ЕУ е јасна за исходот од консултативниот референдум. На 30 септември, граѓаните  имаа можност да гласаат за иднината на нивната земја. На мирен и демократски глас, мнозинството од оние што го оствариja своето право на глас рекоа “да” на Преспанскиот договор за името и нивниот европски пат. Парламентот сега ќе биде повикан да ги продолжи следните чекори за спроведување на спогодбата за името со одлучување за усвојување на уставните измени. Сега сите политички и институционални актери треба да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички линии-изјави Коцијанчич за Пресинг Тв.