Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се уште не знае за кога ќе ја закаже седницата на која треба да се расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.
Собранискиот спикер објасни дека, најверојатно, седницата ќе ја закаже од 10 до 14 јуни затоа што потоа тој заминува во официјална посета на Кина.
Џафери потсети дека Уставот и Деловникот се јасни и оти за да се одземе мандат потребно е да гласа двотретинско мнозинство.
Доколку не му се одземе мандатот тој ќе остане пратеник, но нема да зема плата, иако ќе му се уплатуваат придонеси. Доколку мандатот му биде одземен, Груевски нема да добива ништо.
Comments are closed for this post.