Пратеникот Павле Богоевски се уште нема поднесено барање за престанок на мандатот.

Иако Богоевски јавно најави дека веќе нема да биде пратеник поради скандалот со аудио снимката, такво барање до кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери нема пристигнато.

Претходно, Богоевски најави дека седницата на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе биде негова последна активност во Собранието.

Со оглед на тоа што Џафери најави дека се уште нема закажано седница за Груевски, Богоевски ќе остане пратеник и во текот на јуни.