Педесетгодишен жител од селото Боровец при семејна веселба неовластено пукал од огнено оружје – пиштол, што легално го поседувал.

Полицијата, како што соопшти денеска СВР Охрид, Н.С. (50) го привела на 9 август во 23 часот и 30 минути во Полициската станица во Струга.

Пиштолот, според соопштението, бил одземен и по целосно документирање на настанот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.