Новиот закон за Јавно обвинителство има неколку контрадикторности за тоа дали во иднина Обвинителството ќе може да прими и да покрене обвинение врз основа на прилушкувани развори или пак снимки, предупредуваат експертите.

Според нив, во член 110 од предлог законот прво се вели дека ЈО не може да заснова обвинение  врз основа на незаконски прислушувани материјали, нешто што од 2014 година е уредено со Законот за кривична постапка.

Но, во став 2 и 3 се зборува  за судските постапки до 30 јуни 2017 година  и истрагите до 15.9 2019 2019 година.

Според познавачите ова создава комплетна права несигурност. Ова посебно се однесува за ставот 5 во кој се наведува гаранција е дадена само за материјалите  кои се во фаза на истрага нема да бидат повторно употребувани и прислушани, но не и за другите материјали  за кои не е поведена постапка.

30 декември 2015 година

„Дали ова значи дека материјалите кои не се во фаза на истрага можат пак да се употребат во постапка-прашуваат експертите.

Со ваква содржина на законот практично значи дека ако во иднина се појави прислушкуван разговор од Заев Обвинителството може да се изјасни дека не го прифаќа бидејќи е незаконски стекнат бидејќи индициите се споменати само во контекст на неговите бомби