Семејство на пациент кој починал ноќеска на КАРИЛ во Клиничкиот центар, со клоци нападнале медицинска сестра и се заканувале по нејзиниот живот.

Од Клиниката потврдуваат дека медицинската сестра била физички нападната и велат дека нема некои посериозни повреди, но сепак е многу вознемирена.

Од полицијата се уште нема информација за инцидентот.

Пред неколку години роднина на починат пациент го застрела лекарот на Клиниката за абдоменална хирургија кој го оперирал пациентот.