Предмалку се случи разбојништво во експозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово. Пет маскирани вооружени разбојници ограбиле експозитура на на Јадранска магистрала.

Како што неофицијално дознава КУРИР, вооружени лица влегле во банката и им се заканиле на вработените.

Вперувајќи кон нив „калашникови“, ги принудиле да легнат на подот, а потоа одзеле непозната сума на пари.

По грабежот кој наликувал на сцена од филм, разбојниците избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.

Разбојништото е пријавено во полиција.

КУРИР побара одговор од МВР, но од таму детали за настанот се уште ни немаат испратено.