Речиси во цела Македонија денеска паѓа снег. Иако снежната прекривка е само неколку сантиметри тоа беше доволно сите регионални патни правци како и автопатите да се прекриени со снег и одвивањето на сообраќајот е отежнато. Тоа посебно се однесува за превојот Стража, кај Валандово и на Плетвар.

Очигледно е дека надлежните во „Македонија пат“ снегот ги изненади и на први февруари.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 15:55 часот е воведена на патниот правец Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 15:30 часот е воведена и забрана за тешки товарни возила и на патниот правец Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир поради обилни врнежи од снег.

Поради обилни врнежи од снег, од 15:30 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г. П. Деве Баир.