Во ситуација кога има општ закон, како што е Законот за Влада, и специјален закон, како што е Законот за спречување на корупција и судир на интереси, предност во примената има специјалниот закон или леџ специјалис, вели за Пресинг Тв, Слаѓана Тасева, директор на Транспаренси Интернешенл и поранешен член на Антикорупциската комисија.

Дилемата произлезе откако дојде до колизија меѓу законските одредби поврзани со тоа дали премиерот Зоран Заев може истовремено да биде и министер за финансии.

Според Законот за Влада, премиерот може привремено да раководи и со друг ресор, но членот 44, став 2 и 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси се децидни и со нив се исклучува можноста премиерот да биде истовремено и министер за финансии.