Конкурсот за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите е продолжен до 12 август поради летните одмори.

Од Државниот завод за статистика информираат дека е продолжен јавниот конкурс за пријавување за да се обезбедат доволен број кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да се направи избор на најдобрите кои ќе го спроведат попишувањето на терен.

Ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk  и https://popis2021.stat.gov.mk

Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Останатите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила