Податоците објавени на Веб страницата „еир висуал” покажуваат аларамантни податоци дека и синоќа и денес Скопје бил најзагаден град во Европа, а петти по загадување во светот.

Власта вели дека секојдневно се преземаат мерки против загадувањето, а топката ја префрла на претходната власт.

Инаку од европските градови на 15 место е Сараево, а на 19 Приштина, додека Белград е на 28 место. Најзагаден бил Лахоре во Пакистан, пред Делхи и калкута во Индија.