Со паролите „Чист воздух здрави деца“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Стоп за загадувањето“, „Ние умираме заради вашиот профит“, „Воздухот не го даваме“, група граѓани пкои се организираа преку фејсбук иницијативата се собраа и излегоа на улица да го изразат својот револт од како што рекоа немањето долгорочна стратегија за проблемот со загадувањето.
Големо разочарувањее е Буџетот кој не предвидува сериозни средства за загадување, децидни беа дел од граѓаните кои излегоа на протестот.
Како што истакнаа организаторите во буџетот мора да има доволно средства за справување со загадувањето, а во моментов има само еден и пол милион за екологија.
Тоа е многу срамно, бидејќи повеќе пари трошат за нивните службени патувања и кејфови отколку за нас граѓаните, велат организаторите.
Но исто така беа револтирани и од своите сограѓани кои го најавија присуството на протестот, но не излегоа на улица. Според фејсбук иницијативата на протестот требаше да излезат неколку илјади граѓани,но излегоа во значително помал број, па една од учесничките порача:
Доста се криете зад фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух!“
Присутните побараа казни и контроли на индустриски објекти кои не воспоставуваат еколошки стандарди. Исто така, го потенцираа и проблемот со автомобилите, работата на депонијата „Дрисла“, зеленилото на Скопје, гасификацијата на градот.
Comments are closed for this post.