Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги констатира пропустите направени при изрекувањето на мерката притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилоковски.

Според Стоилковски нема ниту една причина, нема доказ или релевантна информација дека тие имале намера да не ги почитуваат мерките на претпазливост кои веќе им се изречени.

Доколку судот ги отфрли жалбите без никаков аргумент, тоа ќе биде потврда дека правната држава тука повеќе не постои, рече Стоилковски.

Двете политички решенија за притвор на Јанакиески и Божиновски се доказ како што вели Стоилковски дека се злоупотребува УБК, дека се следи претседателот Иванов и неговиот кабинет, а се следат и поединци кои се цел на оваа криминогена и однародена власт.

Кој ја издал наредбата УБК да го следи Претседателот Иванов и неговите активности? Какви се’ службени белешки има собрано УБК за работењето на Претседателот Иванов и какви се’ конструкции подготвуваат? Кои други лица се предмет на следење од УБК и кој ги прави списоците на политички неподобните кои што треба да бидат следени?, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.