На 12 ноември две непознати лица ја ограбиле џамијата во село Чегране гостиварско.

Кражбата ја пријавил 41-годишниот А.Љ, кој ја информирал полицијата дека двјацата крадци го искористиле невниманието кога немало никој во џамијата и ги украле парите од металните каси во кои верниците оставале пари.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.