Во 22,10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Џон Кенеди“ 24-годишниот К.С. од Скопје по претходна расправија бил физички нападнат од 25-годишниот Љ.А. од Скопје, кој бил со уште едно лице и му нанел убодна рана.

Повредениот бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.