За Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот „Империја“ е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка односно домашен притвор, потврдиле за МИА од Специјалното јавно обвинителство.

Оттаму велат дека за Сашо Мијалков, кој исто така е обвинет во случајот „Империја“ се’ уште нема дадено мислење.

Според одредени информации освен за обвинетите во „Империја“, побарано е да се замени и мерката притвор во домашен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Предлогот за преиначување на мерката од страна на СЈО е поднесен вчера.