Претседателската трка почнува да ги кристализира рејтинзите на кандидатите кои веќе се познати.

Гордана Силјановска Давкова со дупло поголема поддршка пред Стево Пендаровски на последната анкета на ИПИС презентирана во емисијата Објектив на МРТ. Според анкетата спроведена во февруари на прашањето “за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ во втората изборна единица Силјановска има 21% поддршка од граѓаните, Пендаровски има 12,4%Османи 6,9%, Максим Димитриевски 6,6%, Арбен Таравари 5,2%, Ванковска со 4,5%, Стевчо Јакимовски 1,1%, а 9,6% анкетирани рекле дека не поддржуваат ниту еден, 16% нема одговор, а 15,9% не сакаат да кажат.

Во шестата изборна единица во февруари најголема поддршка испитаниците даваат за Османи со 21,4% рејтинг, но веднаш зад него е Таравари со 20,8%. Потоа следи Силјановска со 9,2%Пендаровски со 5,1%Димитриевски 1,2%, а 14,8% одговориле дека не би поддржале ниту еден кандидат за претседател, 10,1% немале одговор, а 15,8% не сакале да кажат.