Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова во објава на Фејсбук објаснува дека нејзиниот татко Александар Силјановски бил нејзина најголема инспирација за кандидатурата за претседател. Таа објави слика од таткото кој бил борец во НОБ и дел од македонско-косовската ударна бригада. Како што објаснува професорката тој учествувал и во Февруарскиот поход, а има заслуга и за ослободувањето на Кичево. Силјановска – Давкова вели дека тој се борел за Македонска држава и таа нема да отстапи од неговиот пат.
Ова е Александар Силјановски. Мојот татко. Тој е инспирацијата за мојата кандидатура. Александар во НОБ отишол на 19 години. Бил борец во Македонско-косовска ударна бригада, курир на Петар Брајевиќ, учесник во Февруарски поход и делегат на Младинскиот конгрес во Фуштани, Егејска Македонија. На сликата носи 3 ордени. Едниот за ослободување на Кичево (прво ослободен град во Македонија) и два за битки во Февруарски поход. Александар се бореше за Македонска држава! Јас не отстапувам од неговиот пат, напиша Силјановска – Давкова на Фејсбук.
Comments are closed for this post.