Името го сменивме, а грчкиот лидер на опозицијата се заканува дека ќе не блокира на патот кон ЕУ. Од друга страна, еврокомесарот Хан дипломатски порача дека ќе добиеме само препорака за подготвителна фаза, порача од кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова пред битолчани на вечерашниот митинг.

Па до кога ќе се подготвуваат. Нели лани во јуни беше одредена едногодишна подготовка која се состоеше во склучување на Преспанскиот договор и промена на името. Ама сега повторно ќе сме се подготвувале. Па кого чекаме? До кога ќе чекаме? По 9 позитивни извештаи, немаше датум за преговорите. Дојде клучниот ден, дури и прослава организираа.

Силјановска претпоставува дека следен изговор на власта ќе бидат проблемите во европскиот двор – изборите и брегзитот.

Слушаме сериозни предупредувања дека дури ни за Црна Гора, која е на самиот праг на влезот или пак за Србија, која веќе ги има завршено половина од поглавјата, нема да дојдат на ред, а ние се чини дека ќе добиеме некоај специфична форма, некој посебен морков, кој ќе се вика дополнителна подготовка пред почетокот на преговорите. Во меѓувреме ние го сменивме името, а го слушаме лидерот на опозицијата како вели дека има намера да не блокира на патот кон ЕУ.