Проблемот со доказите во СЈО „се решава“ со поплава или со пожар, забележува иронично во статус на својот твитер профил професорката Гордана Силјановска, која беше кандидат на опозицијата на последните претседателски избори.

Се плашам дека не се трага по докази, туку по начин за нивно уништување, пишува професор Силјановска.

Случајот со поплавата во СЈО од пред повеќе од една година се уште не е расчистен. Како што можеше да се слушне од објавените разговори во случајот „Рекет“, во поплавата биле зафатени докази од предметот „Империја“ во кој како првоосомничен беше бизнисменот Орце Камчев.