Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра.
Силјановска Давкова како приходи пријавила 203 илјади евра од донации. Ова го покажува финансискиот извештај, објавен на веб страната на Државната изборна комисија.
Поголемите донатори за камапњата на Силјановска според јавно објавениот извештај се пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски, 180.000 денари, а на листата е и пратеникот Антонио Милошоски со донација од 150.000 денари.
Донирал и поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајанковски 100.000 денари.
Comments are closed for this post.