Проф. Д-р Гордана Сиљјановска Давкова, носител на изборната единица 1 во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, истакна дека е потребно исправување на државата и почитување на својот идентитет, нација, право и културно наследство.

Јас не мислам дека ние бевме рамноправни во процесот на преговоротие, впрочем ако сме биле рамноправни немало причина толку често да слушаме дека болно било но морало да се голтне, па тоа било горко апче итн. Знам дека не е можно да бидете рамноправни во светото на реал политиката но сепак остана нешто што се вика меѓународни институции, меѓународно право, па и меѓународно задолжително право. Ако во рамките на истото не сте почитувани тогаш сметам дека има потреба од исправување и време треба за исправување. Исправување и респект кон себе кон својот идентитет, нацијата, правото, културното богатство наследство, се разбира за да бидете компатибилни со останатите, вели Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова посочи дека парламентот треба да биде граѓански дом кој што ќе биде школа на демократијата, каде што ќе се одржува дебатата почитувајќи ги процедурите.

Јас би сакала од парламентот да се направи граѓански дом, парламентот да биде школа на демократијата, првата мерка да биде кога одиме надвор да ги користите најевтините превозни средства а ние фантастични суми гледавме, да има контролна функција, да има пратенички прашања барем еднаш неделно. Не ми е пријатно кога има една во месецот секој четврток пратенички прашања, не ми е пријатно кога нема дебата во работните тела на собранието, не ми е пријатно кога закони се носеа по скратена постапка, не ми е пријатно кога нема вистинска дебата, не ми е пријатно кога има влада во која премиерот не може да си ги избере тимот, дури сум и за уставна измена, тимот е на премиерот и може да промени една третина. Ние не можеме да имаме две влади во една, три влади во една, да велат министри дека не им е претседател тој што е туку дека имаат друг, истакна носителот на изборна единица 1 Сиљановска Давкова