Убеден сум во мудроста на народот, во поддршката што ќе ја добиеме. Да одбереме обнова, да ја исправиме Македонија, да ја спасиме од хибридниот режим. Тоа меѓу другото го истакна Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Охрид, на првиот предизборен митинг пред предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули.

– Земјата ни е понижена, омаловажена, Македонија е држава каде македонецот се чуствува како граѓанин од втор ред. Држава во која за жал нема вредности, туку невредности, каде неправдата и невистината царува. Напроти нас, пред вас ќе дојдат луѓе кои ќе ве лажат в очи велејќи дека можеле. Бесрамно пред граѓаните ќе кажат дека можат, да направат она што не направија. А направија само една работа, го исполнија ветувањето дадено во 2008 година кога Зоран Заев рече да ја свиткаме кичмата, истакна меѓу другото Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, власта во земјата можела многу да направила земјата да биде заложник на бруталната светска пандемија, но светот излегува од епидемијата, а Македонија не само што не излегла туку, како што рече, се моли за помала дневна статистика заболени. Реалноста, според него, е Македонија како рекордер по бројот инифицирани, по бројот луѓе кои го губат животот.

Опозицискиот лидер истакна дека одбива да живее во мрачната реалност на земјата под власта на СДСМ, и затоа ќе работи за да ја смени таквата реалност, Македонија да биде модерна европска земја, држава мајка за секого.

Тој се осврна на програмата на Коалицијата „За обнова за Македонија“, истакнувајќи дека на повеќе од 300 страници ВМРО-ДПМНЕ нуди можности за напредок, за прогрес, за излегување од економското сивило…

– Имаме програма „Проект обнова“ изработена од домашни и меѓународни експерти, партиски но и неопределни луѓе, материјал со кој излегуваме пред граѓаните и ја бараме нивната поддршка, за да си ја обновиме Македонија. Стоиме зад секоја буква, зад секој збор, пасус…Тој проект следните четири години ќе биде реалност во обновена наша, визионерска Македонија, рече Мицкоски.

Тој презентираше делови од програмата, ветувајќи намалување на невработеноста под десет проценти за четири години, повисоки плати во образованието, здравството, покачени пензии, реновирани болници, завршување на ветените инфраструктурни проекти, бесплатен приклучок за гас до секој дом, спречување на процесите на одлив на мозоци