Поддршката однадвор многу ни значи, истакна кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кратово.

-Како што знаете, претседателот на Европската Народна Партија, господинот Жозеф Дол застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори господинот Себастијан Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозицски едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 април и на 5 мај, истакна Силјановска пред кратовча

Таа во својот говор се осврна и на како што рече сите загрижени за тоа како ќе била претседател на државата и врховен командант на вооружените сили кога нема познавања во разузнавањето и во безбедносните структури од и дали знае колку војници има во армијата.

Она што секаде е хендикеп овде е предност. А армијата брои околу 6500 воени лица, но  што правиме со резервистите, од кои се откажуваме, а се 25.000 луѓе. Во развиените земји ако сте го поминале животот во номенклатурите оперативни, аналитички, разузнавачки, кон вас ќе има резерва за да бидете претседател на дрѓавата. оти, тогаш сигурно ќе мислите дека некој ве следи, зато вие сте ги следеле луѓето. Ете тоа е оној синдром на сомнително лице со кој треба да раскрстиме, рече Силјановска.

Зборувајќи за синдромот „сомнително лице“, Силјановска рече дека денес кај нас се сомнителни луѓе кои имаат значење во научниот свет, кредибилитет.

Но, кога зборуваме за војниците, за мене е поважно да зборуваме за лошите услови за живот на војниците. Не е доволно да се фалите дека извезуваме мир и дека учествуваат во мировните мисии. Треба да се грижите за нив. Недржавнички е да не се обезбеди консензус со врховниот командант и да не се води воена дипломатија. Не им е ним целта државата, самите си се целта.