Професорката Гордана Силјановска -Давкова во видео – порака ги објаснува причините поради кои ја поднесе кандидатурата за претседател на Македонија. Вели дека во одлуката ја водела свеста за потребата од глас на разумот, правото, правдата, моралот и вистинските европски вредности. Ја бара поддршката од граѓаните, Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ и од другите политички субјекти.
По долго размислување одлучив да ја прифатам иницијативата на моите колешки и колеги за натпартиски кандидат на следните претседателски избори. За таа цел ја барам пооддршката од сите граѓани на Република Македонија од Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ како и од други политички субјекти и актери. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Република Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глас на вистинските европски вредности, вели Силјановска – Давкова во видео пораката.
ВМРО-ДПМНЕ денеска објави дека до партијата сее поднесени девет кандидатури меѓу кои и на Силјановска. Освен неа кандидатури поднесоа и пратеникот Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, поранешен директор на Државниот архив, Горан Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика, Горан Ангелов, поранешен градоначалник на Виница, Илија Димовски, професор во пензија на Шумарскиот факултет, Васко Костов, фармацевтски техничар, Никита Шехтуковски, професор на ПМФ, и Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки
Comments are closed for this post.