Ако бидеме успешни на изборите јасно е дека тогаш на дневен ред ќе дојдат предвремените парламентарни избори, рече кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска на вчерашната средба со граѓаните на Дебарца.

Таа објаснува зошто е важно да се победи на предвремени парламентарни избори.

За да можат претседателот и владата каде секаде дејствуваат заедно, само во Република Македонија се одвоени како ден од ноќ. Тоа не е заслуга на претседателот Иванов туку тој е отстранет од власта спротивно од Уставот за да можеме да го поправиме она што ни беше направено. Да си го повратиме достоинството  и да се бориме да докажеме дека името не може со договор да се смени.