Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова денеска се сретна со претставници на Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.
Таа изјави дека државата треба да се грижи за сите граѓани вклучувајќи ги и глувите и наглувите, кои без разлика на мајчиниот јазик, се обединети и користат еден знаковен јазик. Според неа, овие граѓани треба да се опфатени од принципите на соодветна и првична застапеност.
Силјановска Давкова денеска се сретна и со претставници на Здружението за животна средина „Еко Планета“.
Разговаравме за можностите за вклучување еколошки теми во образовниот процес, и теоретски и практични лекции“, рече Силјановска Давкова. Додаде дека Здружението за животна средина „Еко Планета“ ја има нејзината поддршка бидејќи заштитата на животната средина е и нејзин приоритет.
Comments are closed for this post.