Власта на СДСМ и ДУИ го става македонскиот народ во подредена положба и со тоа директно задира во идентитетските прашања, македонскиот јазик и историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека со прифаќањето од страна на историската комисија во нашите учебници да бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност, се отвора врата за негаторските позиции кон засебноста на македонскиот идентитет да влезат директно во образовниот процес.
Ова само покажува дека со оваа власт поразите се секојдневие.
Тоа што бугарската страна прогласува успех, а нашата власт молчи доволно говори какви решенија се подготвуваат во целосно нетранспарентниот процес.
Повторно предупредуваме дека ниту граѓаните, ниту пратениците не се ни приближно целосно информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех. Тајните договори само отвораат сомнежи дека зад затворени врати се договора нова распродажба, не само на Цар Самоил, туку и на целокупната историја, јазик и идентитет, алармираат од партијата.
Comments are closed for this post.