Многу дилеми останаа по вчерашната претстава во Собранието.Кој има мнозинство, кој го изгуби, која влада остана, што е со оставката на Заев….?

Она што сите се прашуваат каков е односот на силите во моментов. Тоа никој со сигурност не може да го потврди но најверојатно е 60-60 . „Киднапираниот“ пратеник не знаеме на која страна да го броиме.

Што во случај кога силите во Собранието се изедначени?

Тоа во најмала рака значи блокирано Собрание. Нема да може да се донесе ниту еден закон, а пак за оние двотретинските не станува ни збор. Првиот тест Собранието ќе го има веќе за носењето на Буџетот а се најавува и оставка на министерот за земјоделество Аријанит Хоџа.

Што во ваков случај.Кое мнозинство ќе избере негов заменик.Освен ако власта не планира да „докупи“ уште некој пратеник па така да дојде до 61-62 пратеници.

Дали вчера имаше гласање?

Вчерашната седница на која требаше да се гласа за доверба на владата воопшто не се случи, согласни се експертите. Спикерот Џафери на полноќ објасни дека „поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата“.

Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена, констатира синоќа Џафери.

Но, професорката Тања Каракамишева е децидна дека вчера гласање немаше.

Тоа значи дека интитутот гласање доверба  на влада воопшто немаше.Тоа што Џафери „констатираше“ дека на владата не и изгласана недоверба е негово толкување. Вчера гласање немаше-објаснува професорката за „Пресинг ТВ“.

Бидејќи вчера не дојде до гласање професорката додава дека прашањето за доверба на владата може да се покрене веднаш штом опозицијата собере мнозинство.

Опозицијата не мора да чека 90 дена. Ако успее да состави парламентарно мнозинство може пак да го постави прашањето-убедена е Каракамишева.